fbpx

Никогаш не се ожени, секоја недела го правеше ОВА: Сведоштво на блиска пријателка на Војче

Ненадејната смрт на познатиот македонски хуморист, сатиричар и имитатор Војче Китаноски ја потресе домашната јавност.

Се’ уште нема официјални податоци за тоа што точно се случило, но се огласи неговата блиска пријателка, пејачката Вики Среброва, која за „Фокус” изјави дека полиција денеска отворила во неговиот дом и го пронашле безживотното тело.

Оние што го познаваа велат дека Војче бил добар и скромен човек.

„Пред неколку дена со Војче се сретнаме последен пат. Рече дека е добар, дека работи по градинките и училиштата низ Македонија, на деца им раскажува шеги и е задоволен. Дека не се жали, фала му на Бога. Но, ете до каде било. Многу ми е жал. Војче беше многу скромен, живееше сам, никогаш не се ожени. Но, секогаш беше весел и насмеан, на неговото лице не можеше да се види тага. Секоја недела се гледавме во црква, со ништо не покажуваше дека има проблеми со здравјето. Затоа кога ми кажаа дека полиција го нашла дома починат, најверојатно од срце, многу се растажив“, вели негова блиска пријателка за порталот „ММС“.

Следни Објави

Се лекувал во Прилеп: Детали од животот на Тоше кои ќе ве расплачат

На денешен ден пред 16 години загина Тоше Проески. Со извадоци од книгата „Ова не е крај“, авторката и новинарка Соња Алексоска Неделковска лани се присети на легендарниот македонски пејач токму на годишнината од трагичниот настан во кој го загуби животот. Во книгата, меѓу другото, е раскажано за беспарицата во […]