fbpx

Ти ги бакнувам рацете со кои силно ме гушкаше: Драгче со трогателна посвета

Драгица Стевковска сподели тажна вест со своите пријатели на социјалните мрежи.

Популарната Драгче од ТВ-екраните со трогателна посвета се прости од татка си.

„Душо слатка, татко мој, ти ги бакнувам рацете со кои силно ме гушкаше и велеше дека сум среќичка твоја.. Патувај во вечноста мир и спокој на твојата душа.. Вечно ќе живееш во моето срце. Болката ми е силна и тешка.. Никогаш не сакаше да видиш солзи во моите очи, ама тие денес течат како река.. Почивај во мир татко..“, напиша таа на „Фејсбук“.

Драгче ја препознаваат по проектот „Патот на светлината“, емисија во која ги толкуваше соништата. Таа се’ уште е активна на екранот, но со поинакви проекти.

Речиси четири децении е во брак со познатиот пејач Орце Стевковски. Имаат две ќерки и пет внучиња.

Следни Објави

Девојче почина, лекарите не им верувале на родителите: Тоа што ја уби дома го имаме сите

Девојче починало откако голтнало батерии, а една недела пред смртта лекарите одбивале да ѝ направат рендген и покрај страшните симптоми кои ги имала, меѓу кои и повраќање крв, тврдат нејзините родители. „Знаев дека нема да ни веруваат. Едноставно ги занемаруваа нашите докази“, порача Алисон Рис, мајката на несреќното дете, која […]