fbpx

Огромна тага! Почина еден ден пред роденденот, фановите плачат

Почина Сузан Сомерс, најпозната по улогите во ТВ-сериите Three’s Company и Step by Step.

Актерката се упокоила еден ден пред нејзиниот 77-ми роденден, потврди нејзиното семејство.

„Сузан почина мирно во семејниот дом во раните утрински часови на 15-ти октомври. Таа повеќе од две децении успешно се бореше со агресивен облик на рак на дојка. Почина опкружена од нејзиниот сакан сопруг Алан, синот Брус и нејзиното потесно семејство. Тие се собираа за прославата на нејзиниот 77-ми роденден на 16 октомври. Ќе го прослават нејзиниот извонреден живот. Им благодариме на милионите обожаватели и следбеници кои многу ја сакаа“, е наведено во официјалното соопштение.

Сомерс оствари преку 45 филмски и телевизиски улоги. Од актерството се пензионира во 2001 година кога првпат се соочи со сериозни здравствени проблеми.

Следни Објави

Ова е Игор кој загина синоќа: Неговиот другар почина во болница

Игор П. е 24-годишното момче кое синоќа загинал во страшна сообраќајна несреќа кога со автомобил мерцедес удрил во дворна ограда во село Рибари. Не успеал да се спаси ниту неговиот 20-годишен сопатник А.Д. кој им подлегнал на повредите во болница. Несреќата се случила вчера околу 18:10 часот во селото Рибари […]