fbpx

Почина познатиот актер на 48 години: Колегите и фановите се простуваат, по еден лик засекогаш ќе го паметиме

Почина актерот Џефри Карлсон, познат по својата револуционерна улога на транс личност во сапуницата „Сите мои деца“.

Имаше само 48 години, а детали за причината на смртта засега не се познати.

Актерот глумеше во сапуници од 2006 година, пишува „Дедлајн“.

Тажната вест ја објави уредникот на њујоршкиот театар, Адам Фелдман, на „Твитер“. Фелдман напиша дека Карлсон бил „моќен актер“.

Инаку, Карлсон дојде во ТВ-шоуто како лик по име Зарф во август 2006 година, а потоа се врати во ноември како транс жена по име Зои.

За смртта на актерот на „Фејсбук“ се огласија и од The Shakespeare Theatre Company.

-Тажни сме поради оваа трагична вест. Џефри даде убави и нијансирани изведби во текот на кариерата што го однесе од телевизија и филм до Бродвеј и, за наша среќа, и до нашиот театар. Беше извонреден во „Хамлет“, но и во „Ромео и Јулија“-напишаа од театарот.

„Ја испраќаме нашата љубов до пријателите, семејството и до колегите на Џефри, до оние кои најмногу го познаваа и сакаа“, се наведува на крајот од објавата.

Следни Објави

Македонија во шок, ненадејно починал во својот дом: Детали за смртта на младиот ракометар

Трагедија утрово ја потресе македонската јавност. Тажната вест брзо се прошири-почина 19-годишниот ракометар Андреј Петрески, член на РК Аеродром. Според првичните информации, младото момче починало во својот дом, неочекувано, оставајќи ги во шок најблиски, но и соиграчите од клубот каде што настапуваше од најрана возраст. Петрески беше дел од поширокиот […]