fbpx

Прва слика со бебињата: Македонскиот водител стана татко

Познатиот македонски водител Марко Новески стана татко.

Радосната вест ја сподели на социјалните мрежи.

„Добредојдовте Вања и Веда и фала ти Цена што ми го оствари најголемиот сон. Те сакам“, напиша тој на „Фејсбук“ споделувајќи и фотографија од близнаците.

Водителот на многу ТВ-проекти кој публиката најмногу го препознава по шоуто „Дај побрзај“ стапи во брак со неговата избраничка во август 2021 година.

Неговата сопруга Цена Плавевска на свет донесе момче и девојче, а гордиот татко веднаш се пофали на социјалните мрежи.

Следни Објави

„Тој е оженет, луѓето сега се завиени во црно“: Починатиот Никола имаше само 31 година

Пријателите се простуваат од 31-годишниот Никола Ранѓеловиќ кој во понеделникот загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот од Књажевац кон Зајечар. Тој настрада на совозачкото седиште, додека возачот К.Г.(34) од Бојник во тешка состојба е пренесен со Брза помош во болницата во Ниш. Сообраќајната незгода се случи […]