fbpx

Загубивме голем човек, сопруг и татко на две деца: Македонија тагува

На 43-годишна возраст, како последица на повреди здобиени во сообраќајна несреќа во населбата Варош, вчера попладне животот го загуби бизнисменот Љупчо Перканоски, информира порталот „Маркукуле“.

Перканоски беше сопруг и татко на две деца, голем човек, хуманист и почитуван млад бизнисмен, не само во Прилеп, туку и во целата држава.

Со неговата упорност и трудољубивост, Перканоски успеа неговата автомеханичарска работилница да ја претвори во еден од најуспешните бизниси во Прилеп, но и во една од најдобрите македонски компании во оваа област, пишува истиот портал.

Заедно со неговаата сопруга Даниела, плодовите од својот успех несебично ги споделуваа со заедницата, донираа во образование, култура, медиуми, луѓе на кои им беше потребна помош.

Неговото прерано заминување го потресе целиот град и предизвика тага и негодување.

Следни Објави

Кој од кој поубав: По разводот со Анета, Џими од „Молика“ повторно е среќен

Како гром од ведро небо пред неколку месеци одекна веста за разделбата на Анета и Џими Мицевски, познатата естрадна двојка од групата „Молика“. Важеа за една од најскладните двојки на естрадата, но по 22 години заеднички живот тие одлучија да се разделат. И додека Анета, која веднаш го промени презимето […]