fbpx

Конечно се огласи момчето на Тамара: Пејачката е на седмо небо

Тамара Тодевска повторно е исполнета на емотивен план. Македонската поп-ѕвезда повеќе не го крие човекот кој ѝ го украде срцето и се почесто објавува заеднички моменти со него на социјалните мрежи.

Популарната пејачка која по седум години брак одлучи да стави точка на љубовната приказна со поранешниот кошаркар Александар Димитровски, сега е во среќна врска со Лука Радовиќ, архитект и дизајнер од Скопје.

„Секогаш давам шанса на љубовта. Колку и да звучи клише, без љубов не можеме. И тука мислам на љубов кон семејство, работа, пријатели, како и на љубов кон партнер, секако. Нема правила. Љубовта не е мојот календар на планирани концерти и свирки, па да можам да ја адаптирам кон истите. Таа се случува. Без да прашам, без да планирам. Затоа е убава и вредна“, раскажа Тамара неодамна во интервју за „Женски магазин“.

На социјалните мрежи конечно се огласи и Лука. Тој објави „стори“ со саканата кое подоцна Тодевска и самата го реобјави.

Двојката овој продолжен празничен викенд ужива во убавините на Галичник, па и тие не успеаја да ѝ одолеат на адреналинска планинска тура на јавање коњи која е се попопуларна во мијачкиот регион.

Следни Објави

Драгана го покажа замокот: Во нејзината капела се молела и легендарната Марија Терезија

Драгана Мирковиќ ексклузивно за телевизија Курир ги отвори вратите од својот магичен замок. Пред две децении, фолк ѕвездата и нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ го купија овој импозантен имот во кој низ годините постојано инвестираа за да му ја зачуват автентичноста. Величенствениот замок Ебенфурт вреди цело богатство, а пејачката, како што […]