fbpx

Дали е ова најемотивното видео? Пејачот ѝ запеа на ќерка си, сватовите плачат

Ќерката на минатогодишниот финалист во шоуто „Никогаш не е доцна“, Дејан Драшковиќ, убавата Доротеја, вчера му го кажа судбоносното „ДА“ на својот избраник со кој чека дете.

Свадбената прослава се одржа во еден луксузен ресторан во Требиње, а како што налага обичајот се започна во домот Драшковиќ во Херцег Нови, пишува „Гранд“.

Дејан ја изненади својата сакана наследничка и со емотивни зборови ги расплака присутните гости.

„Драги пријатели, би сакал да ве замолам за момент на внимание. Имам нешто да ѝ порачам на ќерка ми Доротеја. Кога ми кажа дека сака да се омажи, сакаше да ѝ отпеам песна која емотивно ја чувствувам како татко, но ќе се обидам да ги потиснам емоциите во овој момент“, рече Драшковиќ и ја отпеа „Кчери моја“ од Жељко Бебек.

Додека тој пее, ќерка му со солзи во очите му приоѓа на сцената, по што следува емотивна сцена. Во даден момент таткото и ќерката танцуваат, а присутните го поздравуваат овој потег со громогласен аплауз.

Следни Објави

Благица од Штип е мајката која роди четворка: Конечно радост по пет години брак

Благица Зикова од Штип е жената која вчера на свет донесе три момчиња и едно девојче на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство-Скопје. Бременоста на родилката ја следела докторката Елена Николовска која го извршила и породувањето. Бебињата се родени во 31-недела од бременоста и се во добра здравствена состојба. Благица […]