fbpx

Се распаднав! Тијана заплака среде емисија, вакво нешто немало досега во „Никогаш не е доцна“

Петар Спасојевиќ, натпреварувач во популарното телевизиско шоу „Никогаш не е доцна“, ги расплака сите присутни во студиото кога ја отпеа песната Svirajte noćas samo za nju која ја посвети на својата почината сопруга.

Тој во својот профил откри дека своето учество во шоуто ѝ го посветил на сопругата Зорица која починала меѓу неговите два настапи по долга борба со опаката болест. По нејзината смрт Петар го продолжи натпреварувањето, а сега ги расплака сите во студиото.

„Вечерва пееме песна која нема цена, затоа што мојата сопруга почина. Минатиот пат кога бевме овде таа беше добро, сега ситуацијата е таква и за моите ќерки, и за моите пријатели и за сите што ме познаваат“, изјави Петар пред неговиот настап.

Членовите на жирито, водителот, публиката и специјалните гости плачеа по неговиот емотивен настап, а кога песната заврши, сите станаа и го поздравија Петар со голем аплауз.

„Едвај се контролирав, се распаднав во неколку наврати. Од се’ срце ви благодарам за ваквата изведба, се’ уште не можам да се соземам“, низ солзи му порача на Петар нашата пејачка Тијана Дапчевиќ.

Следни Објави

Детали од сослушувањето на дадилката на Коста: Цело време го повторувала ова!

Продолжува истрагата за 13-годишниот Коста Кецмановиќ кој на трети мај уби девет свои врсници и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Денеска во полицијата била сослушана и дадилката на момчето-убиец која, како што дознава „Информер“, детално раскажала се’ што знае за Коста, за неговите родители, неговата сестра и […]