fbpx

Што се случува со близнаците на Џорџ Клуни? Мистеријата конечно е решена

Холивудскиот актер Џорџ Клуни од вечен ерген преку ноќ стана посветен семеен човек, а причината се токму неговите деца-Александар и Ела Клуни.

Како татко се реализира на прагот на шестата деценија и оттогаш прави се’ за да ги заштити своите наследници.

Нивните лица не смее да ги објави ниту едно списание, а одбива да ги постира и на социјалните мрежи. Оваа негова одлука покрена лавина коментари и мистериозни приказни меѓу обожавателите, па сите се прашуваат што се случува со децата на Џорџ Клуни?

Првите шпекулации стартуваа уште кога се родија близнаците, затоа што претходно ниту тој, ниту неговата избраничка, светски познатата адвокатка Амал Клуни, не зборуваа јавно околу бременоста.

Вториот сомнеж беше како неговите деца дошле на овој свет со оглед на возраста на мајката. Клуни се огласи по овие наводи нагласувајќи дека децата се зачнати по природен пат.

Славниот актер не сака да ги фотографираат неговите деца, но во интервјуата често зборува за нив. Откри дека Алесандар има неверојатен хумор, а дека Ела е многу сериозна.

„Кога имаа речиси две години ми ставија путер од кикирики на кондурите за да изгледа дека сум згазнал на измет. Ним тоа им беше урнебесно“, раскажа Клуни.

Тој вели дека никогаш не размислувал да продава фотографии од своите деца како што тоа го прават многу познати двојки.

„Не ги споделуваме на социјалните медиуми, бидејќи знаеме дека тоа може да им го загрози животот. Ова не е параноја, туку вистинска опасност“, изјави Клуни неодамна.

Следни Објави

Врчак објави слика со девојката: Една работа е особено чудна (ФОТО)

Раде Врчаковски-Врчак најави големо враќање на музичката сцена. Популарниот македонски рапер и продуцент кој во раните 2000-ти уживаше огромна популарност кај нас деновиве во Белград снимаше спот за новиот рефрен со дуото „ДНК“, а сега објави и интересна фотографија. „Слика од новиот спот со „ДНК“ за песната „Посреќна“ која ќе […]