fbpx

Беше ТВ-водителка, го прошета светот, а пред три години се повлече поради трагедија

По смртта на татка си најде сила да ги оствари своите соништа, па се пријави во шоуто „Никогаш не е доцна“

Охриѓанката Ана Трајкоска (42) е новата македонска ѕвезда во натрпеварувачкото шоу „Никогаш не е доцна“.

Со пеење се занимава повеќе од две децении. Откако пред три години почина татко ѝ одлучи да направи пауза, но сега е подготвена да се врати на голема врата и веќе ги освои симпатиите на гледачите од целиот регион.

Трајкоска, која во меѓувреме почна да работи и со шминка, открива интересни работи за себе.

„Бев телевизиски водител во Македонија и настапував на турнеи ширум светот. Поминав многу земји и најубаво е таму каде што има среќна публика. Сепак, кога ќе се вратите дома во сопствениот мир, најубаво е“, раскажа македонската пејачка во своето последно интервју.

На крајот таа откри за што никокаш не е доцна во животот.

„Никогаш не е доцна за љубов, да си добар човек во душата за да си ги оствариш желбите“, порача таа.

Следни Објави

Трагедија! Почина бебе во охридската болница, познати деталите

Трагедија ги вознемири охриѓани Едногодишно бебе денеска почина во охридската болница. Според информациите од СВР Охрид, бебето, утрово, во 7.44 часот, било донесено во тешка здравствена состојба, а по реанимацијата, констатирана е смрт. Состојбата на бебето е резултат на претходни заболувања и нема траги на насилство, се наведува. За настанот […]