fbpx

Ана најде 72.000 евра, без размислување ги врати: Еве како Бог ја награди!

Ана Дос Сантос Круз, млада самохрана мајка од Сао Паоло која го издржувала својот син со тешко заработени пари, била единствената жена во службата за празнење контејнери

Ана Круз (23) секојдневно работела по десет часа на сортирање на ѓубрето.

Еден ден пронашла вреќа со куп чекови во вредност од 72.000 евра со ознака на локална болница од Сао Паоло. Веднаш се јавила за да ги врати парите.

„Никогаш не помислив да ги задржам. На болничките пациенти им се попотребни отколку мене“, изјави пред две години оваа млада мајка.

Веднаш по овој гест таа стана херој, телевизиите правеа прилози за неа, па Ана била забележана од моден агент кој ѝ понудил да стане манекенка. Таа сега рекламира трговски центар, потпишала договор со модната агенција, оди во вечерно училиште и вели дека го живее својот сон.

„Син ми ми вели дека изгледам убаво и дека му е мило кога ќе види моја слика на билборд на улица. Ова е тоа што сакам да го работам“, изјави неодамна убавата Ана.

Таа за да обезбеди пари за основни потреби работела исклучиво машка, напорна работа.

„Заработував речиси ништо, а тоа беше тешка работа. Јас бев единствената жена таму. Сега работите одат на подобро. Мојот сон е да имам куќа, во која ќе има една соба за мене и една за син ми“, порачува Ана.

Следни Објави

Сака господин на улица и пастув во кревет! Неда удри по мажите: Доста нè учат што тие сакаат од нас

Хрватската пејачка и една од членките на групата „Феминем“ со изјава која предизвика внимание во целиот регион Неда Пармац вели дека со години слушаме и учиме што сакаат мажите од жената, односно какви убавици ги возбудуваат. „Сакаат дама на улица, домаќинка во кујна и курва во кревет. Со години ни […]