fbpx

Светол пат до вечноста: Дракче со трогателна посвета, сочувство до семејството

Македонската естрада во солзи, нека му е светол патот

Тажна вест денска брзо се прошири на социјалните мрежи. Колегите се во неверување и шок по ненадејната смрт на македонскиот пејач и музичар Златко Милошевски.

Од популарниот Злате се прости и Драгица Стевковска, популарната Дракче од ТВ-екраните.

Таа на социјалните мрежи каде што ужива огромна популарност напиша:

„Светол пат до вечноста, Злате. Сочувство до семејството“.

По трогателната објава на Милица Кузмановска, уште една наша фолк-пејачка се прости од Милошевски.

„Тажно е да се каже збогум драг колега.. Почивај во мир“, напиша Јасмина Гуњова.

Причината за смртта не е позната.

Популарниот Злате веќе имал закажано настапи до крајот на месецот.

Следни Објави

Тања тешко ја прифати смртта на македонскиот пејач Златко Милошевски: Еве што откри таа

Колеги, но и блиски пријатели денеска со трогателни посвети на социјалните мрежи се збогуваат со Златко Милошевски. Оние што го познаваа имаат само пофални зборови за македонскиот пејач. „Кога би знаеле што не’ чека и што ќе се случи, можеби би можеле да промениме нешто.. Остана само да се сеќавам […]