Нова семејна драма заврши трагично
Анел Б. (34) ја убил својата поранешната невенчана сопруга Е.М. (31) во населбата Алипашино Поље во Сараево, а потоа го зел детето и го однел во стан во Храсно, каде што бил уапсен, јавува „Аваз“.
Специјална единица излегла на терен и по долги преговори убиецот се согласил да го ослободи својот четиригодишен син кој го држел како заложник, а потоа бил уапсен.
Анел Б., и претходно бил осудуван за семејно насилство, за што добил и шестмесечна казна затвор.