Ако сте родени во следниве години и во временските периоди наведени подолу, го имате Кету (јужниот месечев чвор) во знакот на Риба и Раху (северниот месечев чвор) во Девица, според ведската астрологија.
Таквата натална карта покажува каква е вашата карма, патот на судбината и вашата кармичка цел.
- 12.16.1959 – 06.10.1961
- 05.07.1978 – 12.01.1980
- 26.01.1997 – 19.10.1998
- 10.11.2015 – 09.05.2017
Кармичка цел на овие луѓе:
Помош на луѓето преку емпатија и практични дела. Помош на луѓето да го подобрат своето здравје и да усвојат здрави животни навики.
Вашите кармички предности што ве прават посебни се:
Емпатија, чувствителност, зголемена интуиција, креативни решенија, духовност.
Добрата судбина и карма нема да им се оствари ако го прават следново:
– Живеат во илузија.
– Се самосожалуваат.
– Имаат страв од животот.
– Страв од промени.
– Изгубат верба во луѓето.
– Се откажат од своите идеали.
Најголем успех ги очекува ако:
– Критички размислуваат, слушајќи го само сопствениот ум.
– Им помагаат на луѓето во областите здравје, развој и ментална сила.
– Не помагаат на сите туку само на оние кои бараат да се водат од здравиот разум и логика
– Учат и ги признаваат своите грешки.
Овие личности најчесто живеат мирно, осамено и се посветени на духовното, а не на материјалното. Сочувствуваат со проблемите на другите луѓе и нивната цел е да им помогнат и да ги утешат. Главната маана е тоа што туѓите потреби ги ставаат пред своите, и се емоционално зависни од другите.
Најчести професии на овие луѓе се: лекар, медицинска сестра, исцелител, психолог.
Потенцијални кармички партнери:
– Личности кои патат, а со кои заедно поминале пат на исцелување.
– Премногу самокритични луѓе.
– Луѓе слични на нив, родени во истата година и имаат иста мисија.
Главни дилеми на кармата:
Сфатете дека илузиите и емоциите ве спречуваат да донесете вистински одлуки. Освестете се на кои луѓе им е потребна вашата помош вистински, бегајте од енергетските вампири кои ја искористуваат вашата добрина.
Како да се ослободите од лошата карма од претходниот живот?
– Научите свесно да размислувате, живејте во сегашноста.
– Верувајте им на фактите.
– Научете да кажете НЕ.
– Научете да го почитувате сопствениот живот и себеси.