fbpx

Пресврт! Оваа жена била фатална за монструмот од Градачац, нови шок сознанија

Босанскиот портал „crna-hronika.info“ пишува дека, според неофицијални информации, полицајката Џ.С. бил во врска со бодибилдерот Нермин Сулејмановиќ и дека наводно токму таа му ја дала точната локацијата каде се крие неговата невенчана сопруга Н.Х. по што ја убил.

Полицијата и обвинителството проверуваат дали оваа информација е вистинита. Тетката на убиената Низама Хеќимовиќ претходно изјавила дека „само полицијата знаела каде се нејзината внука и детето“.

Полицијата го истражува и судијата кој на само четири дена пред убиството одбил да му изрече забрана за приближување на Нермин и врз основа на кои критериуми проценил дека тој не претставува опасност за жртвата.

Сулејмановиќ во петокот уби три лица. Убиството на невенчаната сопруга Низама Хеќимовиќ го пренесуваше во живо на „Инстаграм“. Својот крвав поход го продолжи на улиците на Градачац, каде ги уби Џенгиз и Денис Ондер, татко и син, а ја рани нивната сопруга и мајка Хариса Ондер.

Сулејмановиќ ги рани и полицаецот Хусеин Коториќ пред полициската станица во Градачац и случајниот минувач Недим Памуковиќ.

Следни Објави

Лила се вознемири: Имате ли бре душа, безбожници едни!

Монструозниот чин кој во петокот се случи во Градачац ја вознемири јавноста во целиот регион. Билдерот Нермин Сулејмановиќ си ја уби невенчаната сопруга, а „настанот“ го пренесуваше во живо на „Инстаграм“. За човекот од Босна кој уби три лица свое мислење даде и нашата позната водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска. „Не […]