fbpx

Неверување по смртта на Илија: Имаше само 41 година, беше татко на две ќерки

Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи по информацијата за смртта на Илија Жупаноски, општествен активист за демократија и владин советник за дигитални комуникации.

Жупаноски почина вчера во Скопје на 41 годишна возраст. Беше сопруг и татко на две ќерки.

Роден е во Скопје во 1982. Завршил средно економско училиште и економски факултет во Скопје, а магистрирал информациски системи на универзитетот Лунд во Шведска.

Фото: Ванчо Џамбаски/Фејсбук

Илија беше извршен директор на Младинскиот образовен форум (МОФ) од 2007 до 2010 година. Потоа им стана советник за дигитални комуникации на премиерите Заев, Спасовски и Ковачевски.

Жупаноски беше член и на управниот одбор на European Digital Diplomacy Exchange (EDDE), меѓународна мрежа на владини комуникатори.

Следни Објави

Беше прва старлета во Југославија: Го љубеше Ал Пачино, ни Бреговиќ не ѝ одолеа

Таа беше млада девојка од тузланското село Лукавац која стана светски позната, откако успеа да направи интервјуа со дури двајца папи, познати спортисти и политичари. Се шушкаше дека наводно го љубела и Ал Пачино, а не ѝ одолеал ниту Бреговиќ. Дијана Беќировиќ одземаше здив позирајќи на страници што дотогаш беа […]