fbpx

Почина на својот роденден: Македонија тагува, колегите и пријателите во шок

Почина Крешник Ајдини, новинар, преведувач, културен работник и активист за граѓанското општество.

Ајдини починал вчера, на 16 јуни, на својот 55-ти роденден.

Тој е основач и сопственик на Лајф Радио во 2002 година, познато по општествено одговорните содржини и пораките за мир и помирување во земјата. Ќе остане запаметен и како преведувач на важни дела од албански на македонски и обратно, давајќи огромен придонес кон запознавањето на двете култури.

Колеги и пријатели со емотивни пораки се простуваат од него на социјалните мрежи.

„Многу тажна и неочекувана вест. Не’ напушти Крешник Ајдини, новинар, интелектуалец и истакнат активист на граѓанското општество и културната сцена. Имав среќа да ги направам првите чекори во новинарството со негова помош. Во неговото списание Life во 1994 година го напишав мојот прв есеј. Подоцна под негово раководство го градевме Life Radio, кое стана движечки мотор на интеркултурализмот и алтернативната уметност. Со години работевме заедно и во ЦИВИЛ – Центар за слобода. Остави многу дела зад себе, но не напушти прерано.. Почивај во мир, драг Крешник!“, напиша на „Фејсбук“ познатиот музичар, новинар, автор и активист Петрит Сарачини.

Следни Објави

Си го растурив бракот поради Магдалена: Добивме син, па ја дознав страшната тајна

Еден средовечен маж повеќе од две децении страдал по школска другарка во која бил силно вљубен. После толку години конечно се споиле и добиле син, а нивната приказна неодамна одлучија да ја споделат со јавноста. Јиржи Тетвијак од полскиот град Вроцлав по завршувањето на средното училиште и по неколку години […]