fbpx

„Огромна привилегија е што те имавме!“: Колегите на Билјана неутешни

Од Сојузот за младинска работа (СМР) споделија тажна вест на социјалните мрежи.

Почина Билјана Василевска Трајкоска, член на управниот одбор на СМР.

„Со неизмерна тага ве известуваме дека денес нѐ напушти нашата Билјана Василевска Трајкоска. Со нејзината професионалност, посветеност и компетенција, Биле остави неизбришлива трага врз развојот на младинската работа во нашата земја и пошироко. Како член на Управниот одбор на Сојузот за младинска работа, а подоцна и како дел од Секретаријатот и Генерален секретар, Билјана предводеше многу процеси за признавање и развој на младинската работа.

Заедно преживеавме многу битки, доживеавме големи успеси и разочарувања, водевме безброј дискусии, и никогаш не престанавме да сонуваме за иднина во која секој млад човек ќе ја добива поддршката што ја заслужува. Како вистински борец, до самиот крај беше покрај нас и ни помагаше да ги планираме наредните чекори. Уште долги години многу младински работници ќе учат од материјалите што Биле ги напиша, и ќе ги користат можностите што таа ги создаде.

Биле, огромна привилегија е што те имавме! Сочувство до семејството, и нека ти е светол патот“, пишува во објавата на „Фејсбук“.

Следни Објави

Не се плаши од смртта: Славната Бренда е подготвена да замине

Шенон Доерти, поранешната ѕвезда од хит-серијата „Беверли хилс“, во нејзиното најново обраќање ѝ соопшти на јавноста дека е подготвена да замине на оној свет. Актерката која со години се бори со рак на дојка им откри на фановите дека се ослободува од материјалните работи за, како што наведува, да ѝ […]