fbpx

Подгответе се за пола метар снег и силен ветер: Еве што ја очекува Македонија

Популарниот метеоролог Славчо Попоски најавува драстична промена на времето за претстојниот викенд.

Тој на социјалните мрежи, каде што ужива огромна популарност, ја сподели најновата прогноза.

„Најново ажурирање на нумеричките модели: Тие само го потврдуваат длабокиот снежен циклон кој ќе прави многу проблеми за време на викендот во регионот и кај нас.. Локално ќе наврне и над половина метар снег! Проблеми ќе прави и силниот ветер кој ќе го има во целиот регион, но и кај нас, и тоа како се можни штети поради неговата огромна брзина и понекаде тој ќе достигнува брзина дури до 120 км/час, во Македонија до околу 80 или над 80 км/час! Иако календарски незапочната, за прв пат оваа сезона зимата ќе го покаже вистинското лице и ќе ни донесе многу снег и ниски минусни температури на воздухот“, напиша Попоски на „Фејсбук“.

Тој излезе и со апел до надлежните институции за навремено да се подготват за снежните врнежи.

„До каде сме, кога ќе се направиме Сахара поради лажното глобално затоплување? Јас едно имам да кажам, а тоа е дека и најновите ажурирања на нумеричките модели само го потврдуваат спуштањето на поларниот воздух од Арктикот кон нашите краишта за време на викендот, со тоа ќе дојде до формирање на силен снежен циклон над Средоземјето. Надлежните да се подготват, Македонија пат да не бидат повторно изненадени“, напиша Попоски.

Следни Објави

Падна одлука! Еве што ќе се случува со струјата по први јануари, соопштени деталите

Министерот за економија, Кресник Бектеши, денеска изјави дека струјата нема да поскапи ниту по први јануари. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе може да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба, порача тој. Бектеши информира дека постапката за избор е почната и кон […]