fbpx

Попоски: Џеновски циклон, следува голема промена на времето

Под влијание на Џеновски циклон, во сабота попладне и навечер, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.

Поради очекуваното невреме, Славчо Попоски препорачува граѓаните да бидат крајно внимателни.

И во делови од Скопската котлина, во сабота попладне ќе има појава на нестабилност, а можна е и појава на невреме.

Од недела поради продор на значително посвеж воздух од север, ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бележат тенденција на пад за десет степени, понекаде и за повеќе од десет степени, особено во северните предели од државава.

До петок, Македонија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Времето ќе биде претежно сончево, повремено со мала до умерена локална облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат високи, но нема да има екстремно топло време.

Следни Објави

Загина познатата мисица: Сите се во шок, со видео си ја предвиде смртта

Аријана Виера (26), актуелната мис на Венецуела, загина во сообраќајна несреќа во Орландо, Флорида. Оваа убавица требаше да ја претставува Венецуела на изборот за Мис Латинска Америка 2023 година во Доминиканската Република во октомври. Трагедијата ја потврди и нејзината мајка Вивијан Очоа. Таа тврди дека нејзината ќерка заспала додека возела […]