fbpx

Пола метро снег на планините, ќе вее и во градовите: Најнова временска прогноза

Се огласи Славчо Попоски со најнова метео прогноза.

Во втората половина на април преку Атлантикот и потоа од северозападна Европа кон нашите краишта ќе дојде до спуштање на значително поладен воздух кој ќе ги спушти температурите за повеќе од 10 степени, и од рано-летни тие ќе се претворат во есенско-зимски.

Се поизвесно е есенско-зимско сценарио следната седмица кај нас на Балканот. Покрај обилните врнежи од дожд следната недела, очекуваме и обилни врнежи од снег на планините во регионот, а по се изгледа и кај нас во Македонија. На планините во регионот понекаде би можело да се формира снежна покривка со висина од 20 до 30 cм, понекаде таа би можела да биде со висина и од над 50 cм, секако ова важи за високите планински места во регионот. Поради падот на температурите, снежната граница понекаде во регионот би се спуштила и пониско (под 1000 метри). Можно е дури снежни врнежи да се појават и во градовите во регионот следната недела.

Покрај ова, следната седмица се поизвесна е појава и на утрински мразеви, кој секако особено лошо ќе се одразат врз веќе расцутените овошки.

Следни Објави

Не водел љубов со жена му 11 години: Се стаписал кога открил што прави секоја ноќ

Очаен маж одлучи јавно да побара совет од терапевт. Неговиот проблем е специфичен, иако во поблага варијанта се јавува кај се’ повеќе брачни двојки. Тој тврди дека е во тотална депресија. Како што вели, работи само колку да си ги плати сметките и тврди дека во неговиот живот нема повеќе […]