fbpx

Сув студ, ќе дува и силен северен ветер: Најнова временска прогноза

Во првите денови од следната седмица, под влијание на студена воздушна маса од север, температурите повторно ќе бележат тенденција на значително опаѓање и наутро ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени.

На некои места ќе се спуштат и под -10 степени, особено во првите денови од следната седмица, најавува Славчо Попоски.

Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец, кој ќе биде најизразен долж Повардарието и во источните предели од државава каде повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час. 

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а локално ќе провејува и слаб снег.

Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, променливо облачно и студено со сончеви периоди и со засилен ветер од северен правец. 

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -5 и 0 степени, а максималната температура ќе се искачи до околу 7 степени.

Следни Објави

Ѓорѓе Давид конечно пуштен: Еве што треба да направи сега, спорна е една работа

Поминаа седум дена откако рокерот и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, имаше сообраќајна несреќа во Македонија. Популарниот музичар налета на жена во движење на автопат и ја усмрти. Кумановката (49) го загуби животот, додека три други лица се здобија со повреди. Ѓорѓе Давид конечно замина за […]