fbpx

Не беше жртва на булинг, односите не ни беа нарушени.. Мајката на Вања со потресно сведоштво

МВР сѐ уште трага по 14-годишната Вања.

Нема ниту трага, ниту глас од тинејџерката, ја нема на ниту едни безнедносни камери.

Нејзината мајка со ново потресно сведоштво.

„Не беше жртва на булинг. Немавме нарушени семејни односи и нашата фамилија нема непријатели. Цела ноќ бевме во полициска станица Беко и сите полициски единици се максимално ангажирани и затоа ми е криво што ја критикуваат полицијата. Верувајте дека се прават но ќерка ми ја нема. Дознав дека ја нема кога класната ми кажа дека не пристигнала во училиште утрото, бидејќи тоа не е вообичаено да не дојде зашто, кога некое дете е болно пишуваме во групата. Вообичаено на училиште одат со сестричката, но таа го губеше првиот час и остана дома а Вања замина на училиште сама. Сите опции се разгледуваат од страна на полицијата, нема насока во која не се размислува и во која не се истражува. Се претресуваше собата, сите пораки се прегледаа, компјутерот им го дадов, ништо не најдовме. Роднини се вклучија, родителите на соучениците, камерите се разгледаа, но тие немаат поширок спектар и гледаат само блиску до бизнисите. Никаде ја нема, на ниедна снимка. Сите родители се сложни, дури и велат ајде да ги однесеме блиските другарчиња во станица, тие што ја познаваа. Нема шанси за булинг, средината на ќерка ми е многу сложна. Помалата сестричка сега ми кажува: Мамо, лепат слики о Вања во центар на бандери“, сведочи таа за „Слободен печат“.

Следни Објави

Нови сознанија за исчезнувањето на Вања

Од неофицијални информации и од лица наводно вклучени во потрагата, порталот 4NEWS.mk вечерва пишува дека 14-годишната Вања е забележана на снимка поставена од безбедносна камера, во близина на последниот сигнал од мобилниот телефон. Истите извори велат дека таа се качила во бел автомобил. Но овие информации порталот не успеал да […]