fbpx

Нови сознанија за исчезнувањето на Вања

Од неофицијални информации и од лица наводно вклучени во потрагата, порталот 4NEWS.mk вечерва пишува дека 14-годишната Вања е забележана на снимка поставена од безбедносна камера, во близина на последниот сигнал од мобилниот телефон.

Истите извори велат дека таа се качила во бел автомобил. Но овие информации порталот не успеал да ги потврди до објавување на текстот.

„Од домот до основното училиште Вања пристигнувала за седум минути. Ова за медиумите го изјави мајка ѝ. Една минута помалку кажува и пресметката која ние ја направивме преку Google Maps ако Вања се движела преку Ленинова и Никола Тримпаре. Доколку пак се движела преку Мирослав Крлежа и Никола Тримпаре до училиштето би пристигнала за седум минути. Во првата верзија има 400 метри, а во втората 500 метри. Но, Вања вчера не одбрала ниту една од овие две рути“, пишува 4NEWS.mk .

„Секогаш заедно на училиште одела со нејзината сестра, но вчера бидејќи пропуштала прв час, одлучила да оди сама. Го напуштила домот кој се наоѓа на Партизански одреди и продолжила десно кон пазарот Буњаковец, барем ако правиме реконструкција по последниот сигнал на мобидлниот телефон. Најверојатно одела пешки, а со себе имала и мобилен телефон марка Ајфон“, пишува порталот.

Следни Објави

Беше убав како Аполон, возеше мотор, беше во бенд и голем заводник: Вака денес изгледа Горан (ВИДЕО)

Времето си го прави своето Некогашниот пејач на групата „Генерација 5“, родениот брат на легендарната српска пејачка Слаѓана Милошевиќ и големата љубов на познатата актерка и балерина Јелена Тинска денес изгледа непрепознатливо. Во осумдесеттите години на минатиот век, Горан Милошевиќ важеше за најубавото момче во Белград. Возеше мотор, беше во […]