Салатата од зелка е омилена бидејќи е едноставна, евтина и неверојатно освежува како прилог со разни јадења од месо.
Иако има само неколку состојки, можно е да сте од оние кои цел живот погрешно ја приготвувале и сервирале.
Кога ќе ја исечете зелката, таа пушта малку вода која природно ја содржи. Многу домаќинки ја ставаат во чинија, посолуваат, додаваат масло и оцет, но така ја прават најголемата грешка!
Зелката треба прво да ја посолите и да ѝ наросите малку шеќер, да ја истискате со раце и да ја оставите да отстои во сад неколку минути. Вишокот вода потоа треба да се исцеди, па дури тогаш да ја префрлите во чинија за послужување.
Сега се става масло и оцет, се промешува и дури тогаш се посолува уште еднаш, за солта рамномерно да го обложи зеленчукот.
Фото: Кујната на Дивна
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО