Лесно се приготвуваат, уште полесно се јадат
Една жена сподели едноставен рецепт за кифлички. Многу домаќинки се презадоволни од тестото. Еве како да го направите!
СОСТОЈКИ:
1,1 кг брашно
500 мл млеко
300 мл масло
2 јајца
2 лажици шеќер
1 лажица сол
50 гр свеж квасец
1 јајце за мачкање
Сусам за наросување
1 маргарин
ПОДГОТОВКА:
Во млако млеко ставете го квасецот, прстофат сол и шеќер и оставете да надојде. Во поголем сад соединете ги маслото, јајцата, шеќерот и солта, а потоа додадете го и млекото со надојдениот квасец. Додадете го брашното и замесете го тестото, па оставете го 30 минути на топло да надојде. Надојденото тесто поделете го на три дела и секој посебно развлечете го со сукало во круг со пречник од 45 сантиметри.
Со нож исечете 12 делови или 16 ако сакате помали кифлички. Стопете 50гр маргарин и со помош на четкичка премачкајте го секој триаголник, а потоа завиткајте ги кифличките. Ставете ги на плех на кој претходно сте изрендале 75гр маргарин и оставете ги уште 30 минути на топло место.
Кифличките премачкајте ги со изматеното јајце и наросете ги со сусам. По желба, на секоја кифличка можете да ѝ ставите мало парче маргарин. Печете ги во рерна загреана на 200 степени од 18 до 20 минути.