fbpx

Ова беше омилениот колач во СФРЈ: Бабите го правеа секоја Нова година (рецепт)

Највкусниот рецепт од тефтерот на баба ми

За претстојните празници, а особено за новогодишната ноќ ви предлагаме да направите еден убав колач кој нашите баби постојано го приготвуваа.

СОСТОЈКИ:

* 150 гр ореви

* 2 јајца

* 60 гр шеќер

* ванилин шеќер

* 200 мл млеко

* 100 мл масло

* 270 гр брашно

* прашок за пециво

* 10 лажици шеќер

* 6 лажици вода

* 150 гр чоколада

* 50 гр кекс

ПОДГОТОВКА:

Добро изматете ги јајцата и шеќерот. Постепено додавајте го ванилиниот шеќер, млекото и маслото. Додајте ги брашното и прашокот за пециво. Рачно промешајте и ставете ги мелените ореви.

Смесата претурете ја во маслен плех посипан со брашно и печете го бисквитот 35 минути на 180 степени.

Подгответе ја глазурата: промешајте ги 10-те лажици шеќер и 6-те лажици вода, па расстопете го шеќерот. Тргнете го од оган. Додадете ги чоколадата, оревите и мелените бисквити. Промешајте.

Посипете ги сецканите ореви, изладете и сервирајте.

Следни Објави

Овие луѓе да си ги проверат сметките: Сериозен прилив за празниците

Радувајте се! Астролозите прогнозираат дека некои хороскопски знаци сепак ќе успеат да ја дочекаат новата 2024 година финансиски стабилни. ОВЕН Вие сте доказ дека со напорна работа се доаѓа до посакуваната цел. До крајот на месецов ве очекува покачување на платата. Периодот е поволен, па можете да си побарате и […]