fbpx

Лушпите од јајца се богатство, а ние ги фрламе: И корисни се и лекуваат!

Кога ќе го прочитате овој текст никогаш повеќе нема да ги фрлите лушпите од јајца

Јајцата се една од омилените намирници за појадок во многу домови, без разлика дали ги варите или пржите како јајца на око, омлет или кајгана. Но, лушпите од јајца секогаш завршуваат во кантата за ѓубре, а не сте ни свесни каква грешка правите.

Лушпите од јајца содржат дури 90 отсто калциум – минерали кои ги чуваат нашите коски и се многу важни за целокупното здравје. Не постои ниту една намирница која содржи толку калциум којшто ни е неопходен. Секако, нема да ги грицкаме, но постојат многу начини на кои можеме да ги употребиме.

Здравствени предности

Американскиот Национален институт за здравје за прашокот од мелени лушпи од јајца спроведе бројни истражувања, а резултатите се одлични. Токму овој прашок има бројни позитивни својства врз организмот. Истражувањето покажало дека лушпите од јајца се одлични за коските, за правилната работа на штитната жлезда, во лечењето гастритис.. Лушпите од јајца го содржат совршениот состав од идеални супстанци за лечење на кариес, а витамините и минералите кои се наоѓаат во нив помагаат и во намалување на губењето коскена маса кај жените во постменопауза. Освен тоа го намалуваат холестеролот и крвниот притисок.

Пола лажичка мелени лушпи од јајца содржи од 1000 до 1500 мл калциум, а тоа е 90 отсто од количината што ни е потребна дневно да ја внесуваме.

Нема веќе загорени тенџериња и тави

Колку пати досега ви се случило да ви загори омиленото јадење? За лутината што ја чувствувате во тој момент не би сакале ни да претпоставуваме. Сепак, со еден трик со лушпи од јајца загорената храна станува минато.

Изронете неколку лушпи од јајца во тавата со загорена храна, додадете малку сол и врела вода, па со сунѓер измијте ја.

Ѓубриво за билки

Лушпите од јајца се полни со калциум карбонати кои се добри за растенијата. Исушете ги лушпите и смелете ги во прав колку што е можно поситно. Прашокот чувајте го во тегла за секогаш да ви биде на дофат. Измешајте го со малку земја за цвеќе, а потоа ставете го на она место кадешто ви е потребно малку ѓубриво.

Прав од лушпи – Се прави од органски јајца

Лушпите добро измијте ги, ставете ги во врела вода и варете ги 10 минути. Не користете лушпи од свежи јајца. Потоа, исушете ги па ставете ги во рерна 10 минути на 150 степени. На крај изблендирајте ги. Прашокот чувајте го во фрижидер. Дневна препорачана доза за конзумирање е од 2 до 3 лажички.

Како ќе знаете дали е сигурно да ги јадете лушпите од јајца?

Ако јајцата не се варени морате да го направите тоа барем 10 минути за да ги уништите потенцијалните штетни бактерии. Оставете лушпите да се изладат, па смелете ги во прав. Чувајте ги во херметички затворен сад.

Следни Објави

Аце ја уби Марина неколку дена пред свадбата: Татко му ги шокира сите

Рускиот туристички работник Александар Вороњин, син на поранешен службеник на КГБ, пред две години крвнички ја убил својата врсничка, 26-годишната Марина Панкратова, со која требал да се венча за неколку дена. Девојката била пронајдена гола во кревет три часа по злосторството, а телото било непрепознатливо. Лицето ѝ било унаказено, а […]