fbpx

Од тефтерот на баба ми: Бадникова посна погача по старински РЕЦЕПТ

Нема повкусна, велат сите што ја пробале

За овој Бадник ви препорачуваме интересен старински рецепт од тефтерот на нашите баби.

Лесен е за подготовка, па домаќинки повелете!

СОСТОЈКИ:

– 30 грама квасец

– 500 мл вода

– 1 лажица шеќер

– 1 лажица сол

– 700 + 100 грама брашно

– масло (зависи дали е постот на вода или не – 50 мл)

– сусам

ПОДГОТОВКА:

Во врела вода иситнете го квасецот, па додадете го шеќерот и промешајте. Додадете половина мерка од брашното и сол, па повторно промешајте. Додатете го останатото брашно од 700 грама и промешајте со лажица. Ако не постите само на вода, тогаш додадете две третини од 50 мл масло, па измешајте. Оставете го тестото да одмори половина час.

Кога ќе нарасне, посипете го тестото со 100 грама брашно и измесете го уште еднаш. Сега тестото не треба да се лепи, туку треба да биде меко и мазно.

Поделете го тестото на половина, па секоја половина уште на половина, се додека не добиете дваесет еднакви делови. Потоа, од секое делче од тестото направете топче.

Ако постите со масло, премачкајте ја тавата за печење со масло, па ставете едно топче на средината, па шест топчиња околу него и останатите 13 околу нив. Немојте премногу да ги притискате едно до друго, зашто ќе нараснат.

Ако постите со вода, ставете хартија за печење пред да ги редите топчињата. На крајот наросете од сусамот.

Повторно оставете го да отстои тестото уште половина час. Дури потоа печете го во претходно загреана рерна, на 200 степени околу 25 минути. Готовата погача премачкајте ја со масло или само со вода.

Следни Објави

Пресврт! Таткото на Вања ги открил виновниците и го решил случајот, тврди српски политичар

Контроверзниот српски политичар Срѓан Ного кој на социјалната мрежа „Икс“ објави фотографии во врска со двојното убиство на Вања и Панче, за денеска имаше најавено нови ексклузивни материјали, но се предомисли и не ги објави. Тој на „Јутјуб“ сподели само кратко видео во кое тврди дека таткото на 14-годишната Вања […]