Татко.. синоним за сила, заштита, љубов и посебно место во срцето на едно мало девојче. Колку и како ќе му се суди на оној кој ја изневерил најсилната љубов и доверба?
Оние гнаси од луѓе половина од нив радикални верници во Бога. Секој втор пост Господ, со пиштол во глава на чиста душа која тргнала заради доверба и љубов кон татко.
Го разбирам барањето за смртна казна, но, навистина сметам дека смртна казна за овие монструми е награда и брзо олеснување. Овие монструми треба да се мачат, полека споро до последниот ден.
Да одговараат и за сестричката, која ќе чекори низ животот жива а мртва од тага кон Вања и расцепена душа од сознанието дека Вања ја нема заради татко ѝ.
Не постои казна. Доволно силна.
Патувај Вања. Така чиста и полна љубов.
Барем таму каде што си нема монструми кои ти се најсилната прегратка.
Боже, какво време и какви денови за Македонија. Не памтам волку страв тага и болка..
Фејсбук-статус на Миа Костова, инфлуенсерка
Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“