fbpx

Ја врзале, ја ставиле во вреќа.. Страшни детали за последните мигови на малата Вања

Се’ е уште е во тек прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој заедно со претставници од обвинителството одговара на новинарски прашања.

Спасовски откри страшни детали за последните мигови на Вања.

На новинарско прашање, тој вака одговори:

„Според признанието и исказите, утврдено е дека двете од лицата кои што биле со возилото цитроен, а по претходно добиена информација што ја имале вечерта пред извршувањето на грабнувањето, дека девојчето ќе биде само, во колку часот и таканатаму, во влезот од зградата го земаат и практично со врзани раце и нозе е ставено во една вреќа за спиење и го изнесуваат и го ставаат во гепекот“, открива Спасовски.

„Пред возилото цитроен се наоѓа возилото рено канго кое што цело време се движи пред нив и е однесено на локација надвор од Скопје. Според сведоците таму е извршено убиството, а потоа е запалено возилото“, дополнува тој.

Следни Објави

Голема сума пари, се спомнуваат пет стана и дедото на Вања: Нови детали кои шокираат

Не стивнуваат реакциите во јавноста откако министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција обелодени дека целта на киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска била да се изнудат пари од нејзината мајка. Киднаперите претходната вечер биле информирани од страна на таткото на девојчето дека таа сама ќе оди на училиште […]