fbpx

Нови шок сознанија за убиената Вања: Се шират страшни приказни за секти и жртвување

Повеќе српски медиуми денеска ја пренесуваат репортажата на хрватските репортери од „Недељни“ кои наводно се единствените новинари кои влегле во школото на убиената Вања Ѓорчевска.

И „Блиц“ ја пренесува нивната репортажа која во голем дел се базира на приказните коишто кружат во градот, а се опфатени и повеќе соговорници.

Соседи на убиената Вања велат дека еден ден по нејзиното исчезнување татко ѝ наводно се распрашувал дали камерите го снимиле автомобилот со кој била киднапирана. Тие раскажуваат дека тој ги обожавал своите две ќерки, дека до нивната десетта година се грижел за нив и не работел.

Велат дека во истата зграда во која Вања живеела со мајка си и со помалата сестра стан имал и првоосомничениот за нејзиното убиство, Љупчо Палевски Палчо, кој самиот ја изградил зградата на земјиштето кое со денационализација му било вратено на смејството на Зорица, мајката на Вања.

Изјава во репортажата има и од извесен Дино, скопскиот таксист кој хрватските новинари ги возел од скопскиот аеродром. Тој открива дека неговата сопруга е медицинска сестра и дека била на смена кога го донеле телото на Вања. Му рекла дека вилицата ѝ била скршена, дека била целата во крв и дека имала рана од огнено оружје.

Тој на новинарите им раскажува дека кружат разни приказни, дека секој има своја верзија, па и дека целиот случај се поврзува и со верска секта, таканаречената „Црна ружа“. Вели дека има муабети оти некој од осомничените бил во истата и дека сакал да излезе, но дека условот за тоа бил да принесе некоја блиска жртва.

Следни Објави

Парите ќе легнат месецов: Еве на кои граѓани им следуваат средства од владината помош

Владината прес служба соопшти дека Владата го утврдила текстот на Предлогот на закон за финанска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, за справување со енергетската и ценовната криза.  Овој Предлог на закон се очекува да биде разгледан и усвоен по скратена постапка. Корисници на финансиската поддршка којашто се обезбедува […]