fbpx

Им нема спас: Ова се доказите за убијците на Вања

Оливер Спасовски пред два дена гостуваше на Канал 5, а кога новинарот го праша што ќе се случи доколку сега приведените соизвршители кои го признаа делото потоа се предомислат да тврдат дека признанието им е изнудено, даде интересен одговор.

Министерот за внатрешни работи нагласи дека доказ и потврда ќе бидат камерите извадени од објекти и од системот „Сејф сити“.

„Знам дека сензацијата е, исто така, важна во вакви моменти и да-вадење на одредени камери од приватни објекти.. сето тоа е во рамките на таа сензација. Меѓутоа, тоа не е потврда и доказ. Доказот и потврдата ќе бидат 70-тината камери коишто се извадени, нивните записи, коишто се вештачат и се доставени и се доставуваат до Јавното обвинителство и над 50 снимки коишто се извадени од „Сејф сити“. Сето тоа кога ќе се изанализира, ќе се потврди и ќе се знае во детали секоја поединост во целиот овој случај, сите овие аспекти-времето, траекторијата-ќе се утврдат низ таа легална постапка“, објасни Спасовски.

Тој уште еднаш забележа дека сериозни истраги не се водат по медиуми и социјални мрежи и дека исказите коишто полицијата и јавното обвинителство ги имаат се дадени од страна на осомничените во полиција и пред јавен обвинител, соочени со доказите и врз основа на сѐ што е утврдено во истрагата.

Спасовски одби да коментира разни теории на заговор кои кружат низ градот и сето тоа го нарече политиканство.

Следни Објави

Тиктокер (23) од Босна пронајден мртов: Ова е неговото последно видео

Младиот балкански инфлуенсер и тиктокер Erwin_Beg кој живееше во Австрија е пронајден мртов пред неколку дена во Грац. Како што пренесуваат регионалните медиуми, Ервин Бегиќ (23), како што му е вистинското име, најверојатно се самоубил со бесење. Бегиќ се прослави на социјалните мрежи како личност која сака луксуз, па во […]