fbpx

Нови сознанија за таткото на Вања: Дали ова е причината да си го предаде чедото?

Кристијан Ландов, новинар на порталот „Скопје1.мк“ за српски медиум открива нови неочекувани сознанија за таткото на убиената Вања Ѓорчевска.

Ландов повикувајќи се на „оние кои го познаваат“ вели дека Александар бил познат како „проблематична личност“, дека бил коцкар и наркоман.

„Потекнува од богато семејство од Скопје, татко му работел во Полска. Неговата бесчувствителност ја шокира јавноста, кога им ги покажа палците на новинарите кога го спроведувааа во судот“, раскажува македонскиот новинар за „Нова.рс“.

Според него, полицијата се сомнева дека тој должел пари поради коцкање, додека мајката на Вања продала два стана. Исто така потврдува дека дедото на Вања по мајка бил угледна и богата личност.

„Дедото на Вања по мајка и целата фамилија се угледни и богати луѓе. Дедо ѝ Вангел, по кој го добила и името, бил директор на царина, а баба ѝ е од пзната влашка фамилија. Мајка ѝ на Вања со двете ќерќи живеела во стан во зградата која ја градел Палевски, затоа било се’ прецизно испланирано околу нејзиното киднапирање. Судска медицина ја заврши обдукцијата и според првичните сознанија убиена е со пиштол од страна на Палевски. Нема официјални информации дали киднаперите барале пари, тоа истрагата ќе покаже. Многу е чудна изјавата на мајката на Вања која изјави дека таткото се бавел со чесни работи и дека се во добри односи“, вели Ландов за истиот портал.

Следни Објави

Македонија тагува! На социјалните мрежи се простуваат од познатата професорка

Тажна вест вечерва се споделува на социјалните мрежи Почина Дана Прелиќ, професорка на Природно-математичкиот факултет во Скопје. „Светол пат, драга професорке. Прерано и ненадејно нè напуштивте..“, стои во една од емотивните објави кои се постираат на нејзиниот фејсбук-профил. Од проф. д-р Прелиќ се прости и Бранка Костиќ-Марковиќ, етномузиколог и уметнички […]