fbpx

Марија ги избрка двата сина од дома по судски пат: Сите ја коментираат причината

Слично како и во Македонија, познато е дека и во Италија младите, па и оние не толку млади, долго остануваат да живеат со своите родители.

Сепак, Марија (75) од градот Павија решила да стави крај и по судски пат да ги избрка своите возрасни синови од куќата. Според локалните медиуми, нејзините деца имаат 40 и 42 години.

Жената се обидела да ги убеди своите синови, кои се и вработени и се способни сами да се издржуваат, да се иселат, но тие одбиле.

„Не сакаа ни да слушнат за тоа“, вели таа за локалниот весник La Provincia Pavese.

Марија ги издржувала додека биле невработени и очекувала да излезат од дома кога ќе најдат работа. Но, тоа не се случило. Згора на се’, браќата не придонесувале за домашните трошоци, не ги плаќале сметките и не и помагале во домашните работи, пишува италијанскиот весник.

Откако нејзините молби не вродиле со плод, одлучната мајка решила да преземе драстична мерка и од судот побарала иселување.

Судијката Симона Катерби пресуди во нејзина корист.

Судот пресуди дека првично, додека браќата биле невработени, „родителот бил должен да ги издржува“. Но, откако почнале да заработуваат, „веќе не изгледало оправдано“ со оглед на тоа што „двајца од обвинетите се постари од 40 години“, стои во пресудата.

Следни Објави

Тажен ден, колегите се простуваат: Почина Симон Илиевски

Тажна вест споделија од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). По кратко боледување, на 66-годишна возраст почина новинарот Симон Илиевски. Беше еден од доајените на охридското новинарство. Како новинар и дописник од Охрид за повеќе редакции остави огромен број новинарски натписи, радио и тв прилози, документарни и други емисии. Со […]