fbpx

Страшно! Осомничениот проговорил, еве зошто ја убил Вања

Откако тројца од четворицата осомничени за убиството на 14-годишната Вања признаа вина, тие се соочуваат со невиден притисок во затворот во Шутка каде што моментално се наоѓаат.

ММС од свои извори дознава дека додека ги сместувале во келиите постојано им се довикувало: „Како сте можеле да убиете дете“, „Зошто?“, „Зошто го убивте детето?“

На тоа велешанецот Велибор Манев само кусо одговорил

„Ми требаа пари за свадба“, рекол Манев, дознава ММС.

Тој одговор уште повеќе ги изреволтирал и притворените и затворените, но и вработените.

За Манев, откако се дозна дека е еден од виновниците за смртта на Вања, се кажа дека е татко на две ќерки. Едната е мажена и од неа има и внуче.

Велибор Манев живее на само 300 метри од куќата на Панче. Српски „Телеграф“, повикувајќи се на анонимен извор, минатата недела напиша дека Панче наводно му должел пари.

Мештаните изјавија дека Манев работел како ѕидар и дека биле шокирани кога дознале дека е уапсен за убиство. Според нив, меѓу двајцата немало никакви проблеми.

Посочуваат и дека семејството на уапсениот е многу фино, дека никој никогаш не направил проблеми и дека ги знаат само по добро.

Следни Објави

Имаше само 34 години: Ненадејната смрт на Иван ја шокираше јавноста

Сочувство до семејството и до најблиските изразуваат неговите колеги и пријатели на социјалните мрежи Поранешниот фудбалер на тетовска Шкендија, Иван Челиковиќ, ненадејно почина на 34-годишна возраст. Не е позната причината за смртта која ја шокираше јавноста во регионот. Челиковиќ беше дел од јуниорите на Хајдук, а потоа играше за Солин, Интер Запрешиќ, […]