fbpx

Ова се осомничените за убиствата на Вања и Панче: Еве како се познавале

Љупчо Палевски познат и како Палчо е осомничениот кој според истрагата, стои зад двојното убиство кое ја вознемири македонската јавност, пишува „Фокус“.

Едното убиство е извршено во Велес каде е убиен 74-годишниот фризер Панче Жежовски, а другото во Скопје каде е убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Палевски е недостапен и најверојатно отпатувал од државата.

Меѓу осомничените се и веќе притворените Влатко Кешишов и Велибор Манев. Притвор се бара и за Боре Видевски од Велес, тврдат извори на Телма од истрагата.

Осомничените имале блиски релации со Палевски преку неговата радикална „Десна партија“ и на нивните фејсбук-профили имаат заеднички фотографии со Палевски, пишува „Фокус“.

На распит е повикан и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Според последните, засега непотврдени информации, и тој е уапсен.

Следни Објави

Додека сите ја баравме Вања, осомничениот убиец си пишувал на „Фејсбук“: Еве што објавувал

На први декември, истиот ден кога избегал од земјава, осомничениот за убиствата на Вања и Панчо објавувал содржини на својот фејсбуки профил. Додека целата јавност трагаше по исчезнатото девојче, осомничениот Љупчо Палевски, секојдневно објавувал статуси. Последната објава му е во петокот на први декември во 13:51. Палевски е поранешен градежен […]