fbpx

Михајло е пронајден мртов: Што се случува со Јањуш?

Михајло Јањушевиќ, брат на кошаркарот и ѕвезда од српските реални шоуа Марко Јањушевиќ-Јањуш, е пронајден мртов. Не се познати детали за смртта, но се шпекулира дека се работи за самоубиство.

Михајло живееше сосема поинаку од неговите двајца постари браќа Марко и Борис. Тој беше активен на платформа за возрасни, каде објавуваше провокативни слики од кои заработуваше.

По трагедијата се огласија негови пријатели.

„Не беше близок со семејството, ретко се слушаа, по цела недела не се јавуваше на телефон. Стана чуден, се огради од пријателите. Последниов период со никој не се гледаше, не се слушаше, ништо не знаевме“, велат тие за порталот „Република“.

Марко Јањуш моментално учествува во реалното шоу „Елита“. Не е познато дали продицентите на шоуто веќе му ја соопштиле трагичната вест, ако се земе в предвид дека натпреварувачите во овој популарен ТВ-формат немаат никаков контакт со надворешниот свет.

Следни Објави

Последна вест за убиството на Вања: Еве што точно се случува

Институтот за судска медицина се огради од написите во одредени медиуми кои се повикуваат на свои извори од оваа институција за начинот на кој била убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска. „Категорично тврдиме дека овој медиум не добил никаква изјава, ниту информација во усна или писмена форма од Институтот. Само изјава дадена […]