fbpx

Неверување по смртта на Дејан Милојевиќ: Еве како синот Никола се прости од татка си

Српскиот кошаркарски тренер Дејан Милојевиќ почина денеска на 46-годишна возраст како последица од срцев удар што го доживеа синоќа.

Неговиот син Никола со емотивни зборови се прости од својот татко.

„Ми беше се’, напиша тој на социјалните мрежи споделувајќи нивна заедничка фотографија.

Милојевиќ кој беше дел од стручниот штаб на НБА-тимот Голден Стејт доживеал срцев удар вчера додека бил на вечера во ресторан во Солт Лејк Сити. Веднаш бил хоспитализиран, но не успеа да се спаси.

Пред да стане стратег играше за Беовук, ФМП, Будуќност, во два наврати за Партизан, а беше дел и од Валенсија и Галатасарај.

Тренерската кариера ја започна во Мега Баскет, каде седеше на клупата цели осум години од 2012 до 2020. Потоа кратко беше во Будуќност, а во 2021 стана дел од стручниот тим на Голден Стејт вориорс во НБА-лигата како еден од помошниците на тренерот Стив Кер.

Следни Објави

Вечерва се отвора небото: Замислете желба и направете го ОВА!

Според верувањата, вечерва точно на полноќ, во очи на големиот христијански празник Водици, се отворало небото и на сите што будни ќе го дочекаат празникот, Бог им ги исполнувал желбите кои кора да бидат јасни. Тој час и водите за миг престанувале да течат и биле лековити. Од таа вода […]