fbpx

Ѓорѓе Давид не смее да ја напушти Македонија: Еве каде се наоѓа и што го очекува

Познатиот музичар кој се враќал од Гевгелија е еден од учесниците во тешката сообрачајна несреќа во која загина 49-годишна жена 

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа околу 20 часот во Македонија. Рокерот Ѓорѓе Давид полесно повреден бил пренесен во кумановската болница каде му ја сошиле раката, јавуваат српските медиуми.

Како што дознава „Курир“, Ѓорѓе до петок мора да биде во Скопје кога судот ќе одлучува за неговата судбина.

Обдукцијата и вештачењето ќе бидат завршени до среда, по што судот ќе одлучи дали ќе го гони пејачот.

Движењето му е ограничено и до одлуката на судот ќе биде сместен во хотел.

Претходно, популарниот музичар кој со години е дел од жирито во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ проговори за несреќата и ја раскажа својата страна на приказната.

„Бев сам во автомобилот. Ми земаа урина, крв да видат дали имам супстанци, алкохол. Се разбира, немав, веднаш го открија тоа. После тоа ме однесоа кај јавен обвинител кој посочи дека немам никаква вина во овој случај. Виновникот наводно е девојката која возела и која наводно била во автомобилот со нејзината мајка, која исто така е повредена“, вели Ѓорѓе и додава дека засега престојува во Македонија за да ја почитува процедурата во вакви случаи.

„Морам да бидам тука. Ме чека уште една изјава и како што ми рекоа од обвинителството нема да бидам во притвор бидејќи не сум виновен“, нагласува Ѓорѓе и додава дека се’ уште не може да си дојде при себе.

Следни Објави

Како да живеам без тебе? Македонската пејачка сподели тажна вест

Соња Тарчуловска сподели тажна објава на социјалните мрежи. Познатата македонска фолк-пејачка ги расплака нејзините следбеници. Таа ѝ посвети трогателни зборови на својата неодамна почината мајка. „Да знаев дека тоа е твојата последна ноќ од животот, да ти кажев уште нешто, ќе молев да не одиш да ми кажеш како да живеам без […]