fbpx

Нови детали за трагедијата, Ѓорѓе Давид е распаметен: Еве како се бранел рокерот

Сè уште топ-тема не само кај нас, туку во целиот регион е тешката сообраќајна несреќа во која Ѓорѓе Давид доживеа верижен судар и смртно прегази 49-годишна жена.

Популарниот рокер кој помина со лесни повреди мора да биде во Скопје до петок, кога судот ќе одлучува за неговата судбина.

Најавено е дека обдукцијата и вештачењето ќе бидат завршени утре, по што судот ќе одлучи дали ќе го гони пејачот. Моментално му е ограничено движењето и до одлуката на судот ќе биде сместен во хотел.

Како што пишува „Курир“, неговото возило „Опел Инсигнија“ во моментов е на итен технички преглед, а сопругата на рокерот Ана денеска се упати кон Македонија за да го посети сопругот во хотелот и да биде со него во овие тешки моменти. Таа ќе остане таму до петок, кога ќе се знае дали ќе можат заедно да се вратат во Србија, вели изворот.

„Ѓорѓе може да прими посетители во хотелот, па сопругата итно пристигнала да биде со него. Тој не е во притвор, тој е слободен човек, но не смее да ја напушти Македонија до петок. Откако се дозна за оваа трагедија добива стотици пораки со поддршка, а меѓу првите кои го контактирале биле неговите колеги од жирито на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“. Му рекоа да им се обрати за се’ што му треба, за што тој беше многу благодарен. Се разбира, се држи настрана. Сега е уште полошо од неделата, не може да се помири со фактот дека таа жена настрада. Многу му значи поддршката и се надева дека се’ ќе заврши добро“, вели истиот соговорникот, а потоа објасни и како музичарот се однесувал кај обвинителството.

„Ѓорѓе постојано повторуваше дека му е многу жал за се’ што се случи и дека никогаш во животот не згазнал куче. Рече дека ќе ја прифати секоја одлука на судот и дека сака само да заврши оваа агонија“, заклучува изворот.

Следни Објави

Страшно! Пријател открива нови информации за Ѓорѓе Давид: Ќе биде многу тешко..

Познатиот рок-музичар Ѓорѓе Давид доживеа тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-граничен премин Табановце во која, за жал, едно лице го загуби животот. Во оваа сообраќајка учествуваa три автомобили, меѓу кои и возилото на истакнатиот пејач. Ѓорѓе Давид во овие тешки моменти добива поддршката од бројни колеги, но и од […]