fbpx

Први слики од несреќата, Ѓорѓе Давид пренесен во кумановската болница: Еве во каква состојба е

Познатиот музичар се враќал од Гевгелија, а пред несреќата се пожалил за лошите временски услови на социјалните мрежи

Рок-музичарот Ѓорѓе Давид вчера, 20 јануари, околу 20 часот доживеа сообраќајна несреќа што се случи во Северна Македонија.

Ѓорѓе се враќал од Гевгелија каде имал деловни обврски и состаноци, а пред несреќата се пожалил на лоши временски услови.

„Ја завршивме последната средба што ја имавме вчера и денеска, заминуваме за Србија, застанувајќи малку во Ниш. Единствено ненормално ми е што овде во Гевгелија почна да врне снег. Кога има снег во Гевгелија, мора да станува се’ полошо и постудено што повеќе се оди на север. Ја мразам зимата до срж“, вели Ѓорѓе Давид на снимката што ја сподели на „Инстаграм“.

Во сообраќајката учествувале три возила-Голф, Поло и БМВ, а сега се појавија и првите фотографии од местото на несреќата.

Како што гледаме од фотографиите, штетата е голема. Уништени се предните делови на два автомобили.

Едно лице починало на лице место, додека три лица се пренесени во болница. Како што неофицијално дознава „Курир“, рокерот бил пренесен во кумановската болница, каде што му е укажана помош и е стабилен. Според истиот извор, на пејачот му настрадала раката, но се работи за лесна повреда.

Следни Објави

Останува во Македонија, спомнува и притвор: Прва изјава на Ѓорѓе Давид по несреќата

Рок-музичарот и член на жирито во„Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, доживеа сообраќајна несреќа во која трагично загина жена од Македонија. Тој потврди дека учествувал во несреќата и ги откри деталите како истата се случила. „Се случи несреќа синоќа на три километри од македонската граница. Наводно, девојката и нејзиниот сопатник кои […]