fbpx

Бујар третпат стана татко, синот доби име со посебно значење: Запознајте го семејството Османи (ФОТО)

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, третпат стана татко.

Радосната вест ја сподели на социјалните мрежи.

„Со срца исполнети со радост и благодарност, Валбона и јас со задоволство го најавуваме доаѓањето на нашето трето дете, Лав. Неговото име симболизира сила и храброст, се надеваме дека ќе го инспирираме, бидејќи им се придружува на Елиза и Мали во нашето семејство.
Раѓањето на Лион ја зајакнува мојата посветеност не само на моето семејство, туку и на семејствата на кои им служам“, напиша Османи на „Фејсбук“.

Министерот со сопругата Валбона, инаку дипломиран политиколог, се свршиле по помалку од една година врска и тоа било љубов на прв поглед.

„Знаев дека таа е жената на мојот живот. Затоа и не сакав да чекам многу. Иако бевме во врска помалку од една година, додека бевме на викенд во Солун ја запросив“, изјави Османи во една прилика.

Следни Објави

Се појави снимка со Ѓорѓе Давид пред несреќата: Еве што прави и со кого се бакнува

Рокерот и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, минува низ тежок период откако минатиот викенд имаше сообраќајна несреќа во Македонија кога налета на жена во движење на автопат и ја усмрти. Рокерот се’ уште е во нашата земја, одземени му се документите, а дали ќе може да […]