fbpx

Прва фотографија на Бујар Османи со синот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, третпат стана татко.

Радосната вест ја сподели на социјалните мрежи.

„Со срца исполнети со радост и благодарност, Валбона и јас со задоволство го најавуваме доаѓањето на нашето трето дете, Лав. Неговото име симболизира сила и храброст, се надеваме дека ќе го инспирираме, бидејќи им се придружува на Елиза и Мали во нашето семејство.
Раѓањето на Лион ја зајакнува мојата посветеност не само на моето семејство, туку и на семејствата на кои им служам“, напиша Османи на „Фејсбук“.

Тој сега објави и фотографија од бебето.

Министерот со сопругата Валбона, инаку дипломиран политиколог, се свршиле по помалку од една година врска и тоа било љубов на прв поглед.

„Знаев дека таа е жената на мојот живот. Затоа и не сакав да чекам многу. Иако бевме во врска помалку од една година, додека бевме на викенд во Солун ја запросив“, изјави Османи во една прилика.

Следни Објави

Ќе плаќаме ли двојно поскапа струја од 1 јули? Еве што ќе се случува

Владата наместо да ги крати субвенциите за струја и да ги плаши граѓаните со високи сметки, треба да ги засука ракавите и да почне да гради енергетски капацитети со сопствени сили, за да не се доведеме во ситуација како држава да не знаеме каква цена на струјата ќе имаме во иднина, велат […]