fbpx

Ќе плаќаме ли двојно поскапа струја од 1 јули? Еве што ќе се случува

Владата наместо да ги крати субвенциите за струја и да ги плаши граѓаните со високи сметки, треба да ги засука ракавите и да почне да гради енергетски капацитети со сопствени сили, за да не се доведеме во ситуација како држава да не знаеме каква цена на струјата ќе имаме во иднина, велат поранешни раководители во ЕСМ и енергетичари по најавата дека владата планира од 1 јули да ги укине субвенциите за струјата што двојно ќе ја зголеми цената на струјата.

Владата не појасни зошто од 1 јули ќе запре субвенционирањето на цената на струјата и каква цена ќе му испорача на ЕСМ за претстојниот тендер на универзалниот снабдувач за набавката на струја од јули до декември.

Граѓаните се вознемирени од целата ситуација и нејаснотиите во однос на високите сметки кои почнаа да им стасуваат.

Тие, како што велат, не можат на крај да излезат да ги платат сегашните сметки за струја кои се многу повисоки од претходно, уште помалку  да плаќаат драстично повисоки сметки, ако треба да ги плаќаат оние 84% од цената на ЕСМ кои сега ги субвенционира владата од државниот буџет, пренесува „Плусинфо“.

Следни Објави

Сепак, не смее да ја напушти Македонија: Еве што се случува со Ѓорѓе Давид

По објавите во српските медиуми дека рок-музичарот Ѓорѓе Давид ја напуштил Македонија и се вратил во Белград, по сообраќајна несреќа кај Табановце во која загина жена, се огласија од кумановското обвинителство. Оттаму велат дека утрово тој се јавил во Судот како мерка на претпазливост која му е определена. Основното јавно […]