fbpx

ТАГА! Ненадејно почина тенисерка (17), неочекуван потег на семејството

Според пакистанските медиуми, 17-годишната тенисерка Заинаб Али Накви починала пред почетокот на јуниорскиот ИТФ турнир во Исламабад.

Таа во понеделникот имала вообичаен тренинг, но кога се вратила во својата соба едноставно се срушила. Таму ја нашла нејзината баба, која веднаш повикала помош.

Иако итно била пренесена во болница, Али Накви починала. Се претпоставува дека се работи за срцев удар.

Лекарите ја класифицираа нејзината смрт како „природна“, сомневајќи се дека причината е хипертрофична кардиомиопатија. Тоа е состојба кога еден дел од миокардот (срцевиот мускул) е неприродно подебел од другиот дел.

Семејството на тенисерката го прифатило објаснувањето на докторот и решило да не врши обдукција.

Претседателот на пакистанската тениска асоцијација, Аисам-ул-Хак Куреши, одлучи дека теренот каде што Заинаб Али Накви требаше да настапи во иднина да го носи нејзиното име.

Следни Објави

Денеска е Сретение Господово: Жени, внимавајте на ОВА!

Празникот Сретение е еден од 12-те големи црковни празници, заедно со Рождество, Богојавление, Воскресение, и како и тие, има длабока спасителна смисла. Реалниот настан врз кој се темели длабоката содржина на овој празник е расказот за Симеон, кој по неговата средба со Бога беше наречен Богопримец. На овој старец преку […]