fbpx

Потресни детали за Бобан кој загина кај Ласкарци: Мајката Соња за починатиот син единец

„Во животот можете да изгубите сè, но ниеден родител не треба да го надживее и погреба своето дете. Тоа е нешто најболно на светот. Траума која никогаш не исчезнува“.

Вака ја почнува својата страшна животна приказна 57-годишната Соња Аврамоска.

Таа пред пет години во страшната автобуската несреќа кај селото Ласкарци го изгуби својот син единец Бобан. Две и пол години подоцна почина и нејзиниот сопруг.

„Тој кобен ден тројцата заминавме за Скопје. Бобан имаше испит. Но, испитот се одложи и бидејќи имаше свои други активности, ни рече дека ќе остане во Скопје и ќе дојде со автобус. Тоа не беше прв пат да го однесеме за Скопје, а тој да се врати подоцна. Со сопругот се вративме дома, а тој остана. Го оставивме во центар во Скопје, се поздравивме, му мавнавме, а тој ни рече: „Ќе ви се јавам кога ќе тргнам.“ Бобан беше многу одговорен. Истиот ден пред 16 часот ми се јави и ми кажа дека завршил со обврските и дека ќе си дојде со автобусот во 16.15 часот. Последен пат се слушнавме во 17 часот и рече: „Сега ја поминавме првата патарина.“ Мојот сопруг требаше да го пречека во Гостивар. Кога Митко во 17.45 ми се јави да ми каже дека го нема автобусот, случајно на Фејсбук видов дека се случила несреќата и двајцата заминавме за Скопје. По долго барање по болниците, ја добивме најлошата вест“, открива Аврамоска за „Женски магазин“.

Бобан студираше моден дизајн. По трагедијата на социјалните мрежи се огласи и познатиот македонски стилист Сергеј Варошлија.

„Бобан беше мој голем фан кој во секоја можна прилика комуницираше со мене, слушајќи ме со почит, внимание и рабирање. Беше едно ретко open minded дете“, напиша тогаш Варошлија.

Следни Објави

Во оваа земја се работи 6 часа дневно, а просечна плата е 5.300 евра: Секој Македонец би посакал ваква средина

Иако е најмалата земја во Скандинавија, Данска е позната по својот одличен систем на социјална држава и општото ниво на среќа меѓу населението. Исто така, прогласена е за најсреќна земја на светот, а тоа не е чудно, бидејќи условите за живеење таму се речиси идеални. Условите за работа во Данска […]