Поучна стара приказна за мажите и нивните сопруги
Еднаш многу одамна, Господ ослепел десет луѓе. Едниот од нив ја орал земјата, другиот чувал овци, третиот ловел.. По некое време тие му се обратиле:
„Сѐ е тука, но нешто ни недостига. Досадно ни е.“
Господ им дал тесто и им порачал:
„Секој од вас нека си направи жена по свој избор: со облини, слаба, висока, ситна.. Но, јас ќе им дадам живот“.
По ова, Господ извадил шеќерни коцки и ги оставил пред нив:
„Тука има десет парчиња шеќер. Секој нека земе по едно и нека ѝ го даде на жената за со неа да му биде животот сладок.“
Тоа и го направиле, но Господ се налутил:
„Меѓу вас има предавник. Пред вас имаше 11 парчиња шеќер. Кој зеде две?“
Сите молчеле. Господ им ги зел жените, ги измешал, а потоа им ги вратил. Од тогаш, девет од десет мажи сметаат дека туѓата жена е послатка, бидејќи го изела дополнителниот шеќер.“
Всушност, само еден од нив знае дека сите жени се исти, бидејќи тој го изел шеќерот кој останал.