fbpx

Телото ѝ е уништено, мозокот ѝ откажа: Еве како изгледа сега најголемата ѕвезда од филмовите за возрасни

Цела година се бореше за живот. Помина низ вистинска агонија, лекарите не знаеја која е причината за нејзината болест

Дури и луѓето кои не гледаат филмови за возрасни знаат која е Џена Џејмисон (49). Од по*но индустријата се повлече на врвот од популарноста, а од своето име направи империја.

Сепак, таа веќе подолго време поминува низ вистински пекол. Боледува од мистериозна болест, а лани ова време беше речиси неподвижна, а и мозокот почна да ѝ откажува.

„Едвај се движи. Мускулите до толку ѝ ослабнаа, што едно време користеше помошна количка, а имаше период кога две недели не престануваше да повраќа. Лани често завршуваше во болница, но докторите се’ уште се обидуваат да сфатат што се случива со нејзиниот организам“, раскажа близок пријател на поранешната ѕвезда.

Џена Џејмисон денеска изгледа непрепознатливо, а фановите сериозно се загрижени за нејзиното здравје кога ја видоа оваа фотографија.

Таа моментално живее на Хаваи. Повремено пишува на својот инстаграм-профил и се обидува преку нејзините објави да биде инспирација за луѓето кои се соочуваат со слични проблеми.

„Малите победи како онаа кога можам сама да одам до тоалетот ми значат многу и ми се ветер во грб“, напиша таа неодамна.

Следни Објави

Џабе се сликавте навреме за нов пасош: Еве кои граѓани први ќе дојдат на ред

До вчера требало да пристигнат 400.000, а пристигнале само 20.000 обрасци за пасоши, информира Панче Тошковски. Министерот за внатрешни работи во преодната влада денеска соопшти кои граѓани први ќе земат нова патна исправа. Граѓаните кои имаат термин за издавање пасош по итна постапка и лицата со медицинска потврда наскоро ќе […]